| ДОМА |
Помош
Барај
Членови
Календар
|
| Welcome Guest ( логирај_се | регистрирај_се ) | Resend Validation Email |
|
|
![]() ![]() ![]() |
| gazali |
постирано на July 04, 2009 07:03 pm
|
![]() Super clen ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 117 Member No.: 129 Joined: June 03, 2008 |
[/COLOR] ПОТРЕБА ОД АЛЛАХОВАТА МИЛОСТ Фала на Аллах со чија милост го дочекавме овој мубарек ден, фала на Аллах со чија милост зборуваме, дишиме, Го славиме Неговото име и ги извршуваме Неговите наредби.. Нека е салават и селам на последниот Аллахов Пејгамбер а.с., Мухаммед а.с. небијјур-Рахме (Пејгамбер на милоста) кој беше најмилостив пејгамбер, најмилостив татко, најмилостив човек кон сите созданија на Аллахова земја.. Денес, со Аллахова помош ќе зборуваме за Аллаховата милост спрема нас со цел уште повеќе да ја осетиме во ова бурно и турбулентно време. Сè што постои и живо и мртво, видливо и невидливо сè ја опфаќа Аллаховата милост: وَرَحْمَتِي وَسِعَتْ كُلَّ شَيْءٍ „Мојата милост ја опфаќа секоја ствар” (Ел-Араф, 156) Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: „Откако Аллах го создал светот,одредил над Неговиот арш да бидат запишани овие зборови: Навистина, Мојате милост ја надвладува Мојата лутина.” (Бухари, Муслим) Милоста во својата највисока смисла и општо значење претставува едно од својствата на Аллах џ.ш. (Ер-Рахман, ер-Рахим). Неговата милост го опфаќа сé што постои и е присутна во целиот универзум. Каде ќе зазрачи сеопфатноста на Неговото знаење, тука сјае и зрачи сеопштата милост. Затоа една од молитвите на мелеките гласи: رَبَّنَا وَسِعْتَ كُـلَّ شَيْءٍ رَّحْمَةً وَعِلْماً فَٱغْفِرْ لِلَّذِينَ تَابُواْ وَٱتَّبَعُواْ سَبِيلَكَ وَقِهِمْ عَذَابَ ٱلْجَحِيمِ “Господаре наш, и со знаењето и со милоста опфаќаш сé! Прости им на оние кои се каат, кои го следат патот Твој, и сочувај ги од казната џехеннемска!” (Гафир, 7) - Во една прилика асхабите виделе една жена како трча уплашено и нешто бара, па кога најде едно мало дете, го зграби цела среќна и го стави во своето крило и почна да го дои. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рече: “Дали ја гледате оваа жена, дали таа би го фрлила своето дете во оган?” Асхабите рекоа: “Не, жими Аллаха!” Тогаш, Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рече: لله أَرْحَمُ بِعِبَادِهِ مِنْ هٰذِهِ بِوَلَدِهَ ا “Аллах е помилостив кон своите робови од оваа мајка кон своето дете.” (Бухари) جَعَلَ اللَّهُ الرَّحْمَةَ مِائَةَ جُزْءٍ ، فَأَمْسَكَ عِنْدَهُ تِسْعَةً وَتِسْعِينَ جُزْءًا ، وَأَنْزَلَ فِي الأَرْضِ جُزْءًا وَاحِدًا ، فَمِنْ ذَلِكَ الجُزْءِ يَتَرَاحَمُ الخَلْقُ ، حَتَّى تَرْفَعَ الفَرَسُ حَافِرَهَا عَنْ وَلَدِهَا ، خَشْيَةَ أَنْ تُصِيبَهُ “ “Возвишениот Аллах има сто милости, од кои една ја спушти меѓу џинните, луѓето, животните и инсектите и со неа тие се едникондруги сочувствителни и сомилосни. Животното е сочувствително кон своето младенче. А Возвишениот Аллах со деведесет и деветте милости ќе им се смилува на Своите робови на Судниот ден.” (Бухари, Муслим) Се пренесува дека кај Муса а.с. дошла една жена да побара од него да го замоли на Аллах џ.ш. да и подари пород, па Муса а.с. го молел на Аллах џ.ш. да и подари пород. Но Возвишениот Аллах му одговорил дека за неа пропишал и одредил да биде стерилна (нероткиња, да нема пород). Па кога дошла Муса а.с. ја известил дека Аллах одредил дека ќе биде нероткиња. И пак после една година истата жена дошла да побара од Муса а.с. да го замоли на Аллах џ.ш. да и подари пород. Но и овој пат го добил истиот одговор од Возвишениот Аллах يا موسى إني كتبتها عقيم „О Муса, јас одредив и пропишав за неа да е нероткиња” Пак Муса а.с. (келимуллах) ја известил за Аллаховиот одговор. Меѓутоа после извесно време дошла жената носејќи со себе дете. Муса а.с. зачудено: „Што е ова со тебе што го гледам?” Одговорила: „Тоа е мое дете, Аллах ме опскрбил со него!” Па Муса а.с. му се обратил на Аллах џ.ш.: „О Аллах зарем не беше си одредил за неа дека ќе биде нероткиња, а гледам си ја опскрбил со дете?” Возвишениот Аллах рече: „Секогаш кога ќе одредив за неа дека ќе биде нероткиња, таа велеше: ЈА РАХИМ (О Милостиви Боже, па Мојата милост ја надмина Мојата одредба! فسبقت رحمتي قدرتي МИЛОСТА НА МУХАММЕД А.С.: Возвишниот Аллах џ.ш. сакал да ги почести луѓето со својата неизмерна милост, па затоа им испратил човек кој ќе им ги отстранува нивните болки, ублажува нивните грижи, сочувствува на нивната заблуда и залутаност, кој ќе ги брани како што мајката го брани своето младенче, човек кој секогаш се плашел да му отежни на својот уммет со некоја одредба, туку сожалив и милостив, дури својата последна молба ја одложил на Судниот ден заради нив, плачел кај својот Господар и го молел да не биде уништен од природна катастрофа и сл... Им го испратил Мухаммеда с.а.в.с., Нека е Аллахова милост врз него и спас. Во неговото срце влеал знаење и благост, неговото однесување го збогатил со добрина и доброчинство.. وَمَا أَرْسَلْنَاكَ إِلَّا رَحْمَةً لِّلْعَالَمِينَ „И Ние те испративме само како милост до сите светови.“ (Ел-Енбија, 107) Тој всушност е милост за целото човештво. Се пренесува дека рекол: “Навистина, јас сум подарена милост.” (Дареми, 15, Хаким, 100) Милоста, исто така е и изразено својство на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. Тоа можеме да го заклучиме од бројни примери. МИЛОСТА НА ВЕРНИЦИТЕ: Аллах ги опишува верниците дека тие меѓусебно се милостиви, а дека се груби кон неверниците. مُحَمَّدٌ رَسُولُ اللَّهِ وَالَّذِينَ مَعَهُ أَشِدَّاءُ عَلَى الْكُفَّارِ رُحَمَاءُ بَيْنَهُمْ Мухаммед е Аллахов пејгамбер, а оние што се со него се груби кон неверниците, а милозливи меѓусебно.” (Ел-Фетх) مَنْ لَا يَرْحَمُ النَّاسَ لَا يَرْحَمُهُ اللَّهُ „Кој не е милостив кон луѓето, ниту кон него Аллах нема да има милост.” (Тирмизи, сахих) Гледаме кај поедини муслимани како имаат полно разбирање за другите, а најмалку за своите браќа и сестри. Гледаме како брат се лути на брат, како станува кон него немилосрден и воопшто нема немера да му прости на својот брат, бидејќи инаетот е посилен кај него од иманот, или бидејќи шејтанот му го прикажува како убаво и добро неговото арогантно однесување и го бодри да истрае. Забораваат дека Аллах кон таквите ќе се однесува по иста мерка какошто тие ќе се однесуваат кон своите браќа: الرَّاحِمُونَ يَرْحَمُهُمُ الرَّحْمَنُ ارْحَمُوا أَهْلَ الْأَرْضِ يَرْحَمْكُمْ مَنْ فِي السَّمَاءِ „На милостивите Аллах ќе им ја укаже Својата милост, бидете милостиви кон оние што се на земја, за да ви се смилува оној што е на небо.” (Ебу Давуд, Тирмизи) Муслиманот луѓето ги гледа со нежно срце и помошна рака со кои ќе им олеснува. Ибн Мес’уд р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: لَا تَدْخُلُوا الْجَنَّةَ حَتَّى تَرَاحَمُوا “ قَالُوا : يَا رَسُولَ اللَّهِ ، كُلُّنَا رَحِمٌ ، قَالَ : “ إِنَّهُ لَيْسَ بِرَحْمَةِ أَحَدِكُمْ خَاصَّتَهَ ، وَلَكِنْ رَحْمَةُ الْعَامَّةِ “Нема да бидете (вистински) верници сé додека не сте милозливи меѓусебе! Рекоа: “Аллахов пратениче, сите ние сме милозливи!” Рече: “Не е милост некој од вас да биде милозлив кон него, туку да поседува општа милост.” (Таберани, сахих) Не се бара милост која ќе биде ограничена само спрема оние кои се познаваат, близок или роднина, туку се бара општа милост која ќе ги опфати сите созданија. Бројните хадиси на Ресулуллах с.а.в.с. ја манифестираат милоста во општа форма и иницираат на нејзина широка примена и вредност. Драги браќа! Ќе наведеме пример со кој се потврдува и покажува причината зошто Аллах џ.ш. ги пејгамберите да бидат негови доставувачи на објавата. Се пренесува дека Муса а.с. го прашал Аллах џ.ш.: О Боже, зошто ме зеде за твој избраник? Аллах џ.ш. му одговорил: “Поради твојата милосрдност кон другите луѓе. Ти ги чуваше овците на Шујаб а.с., и еднаш една овца ти побегна од стадото, ти трчааше по неа се додека ја стигна и фати, потоа ја прегрнал од радост и & рече: О кутра овцо, сама се измори и мене ме измори. Поради твојата милосрдност кон Моите створенија те избрав и те почестив со Пејгамберлук.!” Шејх Наср ибн Мухаммед Ес-Семерканди вели: “Мудроста во пасењето на овци од страна на сите Пејгамбери е тоа што Аллах џ.ш. првенствено ги ставал на искушение со стока сè додека им се вродела милостивост кон неговите створенија. И кога ќе постанеле милосрдни спрема стоката ги избирал да бидат Пејгамабери за човештвото.” Со послушноста кон Возвишениот Аллах и Неговиот пратеник с.а.в.с. се придобива милост Божја: وَأَطِيعُواْ ٱللَّهَ وَٱلرَّسُولَ لَعَلَّكُمْ تُرْحَمُونَ “И бидете послушни на Аллах и Пратеникот за бидете смилувани.” (Али Имран, 132) И влезот во Џеннет е условен со милост додека делата се помошно, но не и пресудно средство. Пренесува Џабир р.а., дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: „Кај мене беше Џибрил а.с., и при заминување ми рече: “О Мухаммеде, се колнам во Оној кој те испратил со вистина, имало некој Божји роб кој му правел ибадет на Аллах џ.ш., петстотини години, на еден морски остров. Неговата ширина и должина изнесувала 30х30 подлактици, а морето кое го опкружувало било 4000 ферсехи од секоја страна. Визвишениот Аллах џ.ш., му дал извор со вода. Слатката вода како што течела низ подножјето на островот, правела бразда и стебло од шипка кое му давало секоја вечер по еден плод. Цел ден правел ибадет, а потоа слегувал и земал абдест, јадел од плодот а потоа клањал намаз. Го молел Севишниот Аллах џ.ш., да му ја земе душата додека е на сеџде. Аллах џ.ш., тоа му го удоволил. Кога ќе биде оживеан на Судниот ден пред Аллах џ.ш., Господарот ќе рече: “Воведете го во Џеннетот со заслуга на Мојата милост!” А тој ќе рече: “Господару мој, со заслуга на моите дела!” Па Аллах ќе рече: “Измерете ги Моите благодети кои му биле дадени на овој роб и неговите дела!” Па ќе се докаже дека само благодетта на видот која е дар на Аллах џ.ш., го опфаќа и надминува целиот ибадет од пет стотини години. Потоа Аллах џ.ш., ќе нареди: “Водете го Мојот роб во оган!” И робот ќе биде воведен во Огнот па ќе повика: “Господару мој – со заслуга на Твојата милост воведи ме во Џеннет.” Аллах ќе рече: “Вратете го!” Кога ќе биде застанат пред Аллах џ.ш., Тој ќе му рече: “Робу мој, Кој те создал од ништо?” Робот ќе одговори: “Ти, Господару мој.” -”Кој ти дал куввет да ми чиниш ибадет петстотини години?” Ќе одговори: “Ти, Господару мој!” -”Кој те спуштил на островот во сред море и ти дал питка вода меѓу солена вода, и ти дал секоја вечер по еден плод иако тој созрева еднаш годишно и кого си молел да ти ја земе душата додека си на сеџде, па ти удоволил?” Човекот ќе одговори: “Ти, Господару мој!” Аллах џ.ш. ќе му рече: “Сето тоа со заслуга на Мојата милост и со Мојата милост те сместувам во Џеннет, па воведете го Мојот роб во џеннет, прекрасен роб си бил човеку!” Па така влегол во Џеннет. А Џибрил уште ми додаде: „Секое живо битие е со заслуга на Божјата милост, Мухаммеде!” (Ел-Мунзири) Претходно спомнавме дека милоста е потребна кон сите, но уште повеќе е изразена кога се во прашање децата. Се пренесува од Ајша р.а. дека рекла: “Некои луѓе од Арапите дојдоа кај Аллаховиот пејгамбер с.а.в.с. и прашаа: “Дали ги бакнувате вашите деца?” - Тогаш, одговори: “Да”. - Тие му рекоа: “Ние, валлахи, не ги бакнуваме”. Аллаховиот пејгамбер с.а.в.с. тогаш рече: “Не можам ништо, ако Аллах ја отстранил милоста од вашите срца.” Во друг хадис тои: لَيْسَ مِنَّا مَنْ لَمْ يَرْحَمْ صَغِيرَنَا وَيُوَقِّرْ كَبِيرَنَا “Не припаѓа од нас кој не е милозлив кон децата и не ја познава почеста на нашите стари.” (Ахмед, Тирмизи) [COLOR=blue] -------------------- АЛЛАХ Е НАША ЦЕЛ, МУХАММЕД А.С. Е НАШ ПРЕДВОДНИК, КУР’АН Е НАШ УСТАВ, ЏИХАД Е НАШ ПАТ И СМРТТА НА АЛЛАХОВИОТ ПАТ Е НАША НАЈСИЛНА ЖЕЛБА
|
|
![]() ![]() ![]() |