ЕССЕЛАМУН АЛЕЈКУМ, добредојдовте на исламски форум “ИХСАН„


  Reply to this topicStart new topicStart Poll

> ЗУХД НА ОВОЈ СВЕТ, ајети и хадиси
gazali
постирано на July 04, 2008 05:42 pm
Quote Post


Super clen
********

Group: Members
Posts: 117
Member No.: 129
Joined: June 03, 2008





ЗУХД НА ОВОЈ СВЕТ

Возвишениот Аллах (џ.ш.) вели:

“Да, животот на овој свет е сличен на вода која Ние ја спуштаме од небо па кога ќе се измешаат со неа растенијата на земјата, од кои јадат луѓето и добитокот, и кога земјата ќе си го прими своето руво, и кога ќе се украси, а жителите нејзини ќе помислат дека се, навистина, моќни над неа, ќе дојде наредбата Наша, ноќе или дење, па ќе ја видиш како е покосена како вчера и да не постоела. Ете, така Ние потенко ги објаснуваме знаменијата за луѓето кои размислуваат.” (Јунус, 24)

“И изнеси им го примерот животот на овој свет: сличен е на вода која Ние ја спуштаме од небо, со која се мешаат растенијата на земјата, па ќе станат суви и ветрот ќе ги разнесе. И Аллах е Кадар за се! Имотот и синовите се украс во животот на овој свет. Добрите дела кои остануваат, меѓутоа, кај Господарот твој се подобри: и наградата е подобра и понадежна.” (Ел-Кехф, 45-46)

“Знајте дека животот на овој свет, навистина, е игра и забава, и украс и горделивост меѓу вас, и натпреварување...” (Ел-Хадид, 20)

“На луѓето им се разубавуваат работите кои ги сакаат: жените, децата, ковчезите полни со злато и сребро, подготвените коњи, добитокот и посевите. Ете, тоа е благодат на овој свет. А кај Аллах е најубавоито престојувалиште!” (Али Имран, 14)

“О луѓе, ветувањето Аллахово, навистина, е вистина. Нека не ве измами животот на овој свет. И измамата нека не ве измами во однос на Аллах.” (Ел-Фатир, 5)

“Натпреварот во заработувачка ве упропасати се додека мезарите не ги посетите, но ќе узнаете подоцна. И пак велам: ќе узнаете подоцна, но ќе узнаете за знаењето уверливо!” (Ет-Текасур, 1-5)

“Животот на овој свет е само игра и забава; животот во Куќата ахиретска, секако, е вистинскиот. Е, кога би знаеле!” (Ел-Анкебут, 64)

Се пренесува од Енес (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:
“Умрениот го придружуваат три работи: неговото семејство, неговиот имот и неговото дело. Две се враќаат, а останува една работа. Се враќаат неговото семејство и имотот а останува неговото дело.”

Се пренесува од Енес (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
“На Судниот ден ќе дојде џехеннемлијата кој живеел раскошен живот на овој свет, ќе го стават во огнот за кратко, а потоа ќе му речат: “О сине Адемов, виде ли некакво добро? Имаше ли некакво уживање?” Ќе одговори: “Не, валлахи, Господару мој.” Потоа ќе го донесат џеннетлијата кој живеел најсиромашно на овој свет, ќе го стават во џеннетот за кратко и ќе му речат: “О сине Адемов, почувствува ли некаква неприлика? Имаше ли некаква незгода?” Ќе рече: “Не, валлахи, никогаш не бев во неприлика и никогаш немав сиромаштија.”

Се пренесува од Ел-Мустеврид б. Шидад (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
“Овој свет спореден со Ахирет е како некој од вас да го стави прстот во море, па нека погледа со што ќе се врати.”

Се пренесува од Џабир (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) одејќи низ чаршија, додека луѓето стоеле на нозе, поминал покрај едно чупо и калешо јаре, го фатил за уво и рекол:
“Сака ли некој од вас да го купи ова за еден дирхем?”
Одговориле:
“Никој од нас не го сака и ништо не би дале за него и не знаеме што да правиме со него.”
Потоа рекол:
“Сакате ли да го имате?”
Одговориле: “Валлахи, ајде тоа што нема око, ама како кога е речиси мртво?”
Одговорил: ”Валлахи, овој свет е помалку вреден кај Аллах од ова јаре што е кај вас.”

Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:
“Гледајте во оној кој е посиромашен од вас а не гледајте во оној кој е побогат од вас. Ова е поисправно за да не би ја потцениле благодетта на Аллах кон вас.”
Овој ривает е кај Муслим, а кај Бухари стои:
“Кога некој од вас ќе погледне во оној што има предност над него во имотот или во изгледот, нека погледа и во оној кој е посиромашен и помалку личен од него.”

Се пренесува од Омер (р.а.) како рекол: “Ме фати пејгамберот (с.а.в.с.) за раме и рече:
“Биди на овој свет како да си странец или патник.”
А Омер (р.а.) вели: “Кога ќе заспиеш, не очекувај го утрото, а кога ќе се разбудиш сабајле, не очекувај ја вечерта. Земи од твоето здравје за твојата болка, од твојот живот за твојата смрт.”

Се пренесува од Ебу Аббас Сехл б. Саад ес-Саидијј дека рекол: “Дојде еден човек кај Пејгамберот (с.а.в.с.) и рече:
“Ја Ресулеллах, упати ме кон она дело кое - ако го сработам, ќе ме сака Аллах и ќе ме сакаат луѓето.” Пејгамберот рекол:
“Биди скромен во животот на овој свет, па Аллах ќе те засака и биди скромен во она што го поседуваат луѓето, па ќе те засакаат луѓето.”

Се пренесува од Сехл б. Саад Ес-Саудија (р.а.) како рекол: “Пејгамберот (с.а.в.с.) рече:
“Кога овој свет би вредел кај Аллах колку крилото на мушичката неверникот не би се напил ни една голтка вода.”

Се пренесува од Абдуллах б. Еш-Шахири (р.а.) дека рекол: “Дојдов кај Пејгамберот (с.а.в.с.), а тој читаше од Кур’анот: Елхаку муттекасуру, и рече:
“Човекот вели: “Мојот имот, мојот имот.” А што имаш , о сине Адемов, од твојот имот, освен она што го изеде па го уништи, што го облече па го искина или што го даде како садака и тоа си отиде?”

Се пренесува од Абдуллах б. Месуд (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер заспа на хасуре. Кога стана се исправи и остана трага на страната на која лежеше. Рековме: “Ја Ресулеллах, требаше да ти постелиме нешто друго.” Рече:
“Зошто ли е тоа на овој свет? На овој свет сум само патник кој се скри во ладовина под дрво, се одмори и си отпатува.”


--------------------
АЛЛАХ Е НАША ЦЕЛ, МУХАММЕД А.С. Е НАШ ПРЕДВОДНИК, КУР’АН Е НАШ УСТАВ, ЏИХАД Е НАШ ПАТ И СМРТТА НА АЛЛАХОВИОТ ПАТ Е НАША НАЈСИЛНА ЖЕЛБА
PMEmail Poster
Top
1 User(s) are reading this topic (1 Guests and 0 Anonymous Users)
активни членови

Topic Options Reply to this topicStart new topicStart Poll