| ДОМА |
Помош
Барај
Членови
Календар
|
| Welcome Guest ( логирај_се | регистрирај_се ) | Resend Validation Email |
|
|
| Pages: (6) « First ... 4 5 [6] ( нови постови ) | ![]() ![]() ![]() |
| mudzahid |
постирано на August 19, 2008 06:47 pm
|
![]() VIP ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 248 Member No.: 75 Joined: December 01, 2007 |
ИВЗ темпирана бомба
За десет дена цела Македонија ќе стане на нозе, зашто веќе не можеме да го трпиме комунистичкиот режим на Сулејман Реџепи, се закануваат приврзаниците на суспендираниот скопски муфтија Таџедин Беслими. Додека тие тврдат дека огромното незадоволство кај имамите и кај дел од муфтиите, поради промената на уставот на ИВЗ и суспендирањето на Беслими, ќе кулминира во жестоки протести, извори блиски до поглаварот Сулејман Реџепи објаснуваат дека разрешениот муфтија создава виртуелна криза. Според нив, Беслими преку медиумите лажно претставувал дека во ИВЗ врие, додека реално имал поддршка од неколкумина. Беслими вчера дојде на работа во ИВЗ, зашто, како што рече, не ја признавал одлуката за негово суспендирање, која била донесена на таен состанок, на кој присуствувале само истомислениците на Реџепи. - Зошто како член на Ријасетот на ИВЗ не ме викнаа на седницата? - праша вчера Беслими, додека чекаше лично поглаварот да му соопшти дека е разрешен. Неговите приврзаници тврдат дека мнозинството од муфтиите гласале за суспендирање на скопскиот муфтија под директна закана од синот на поглаварот Реџепи, кој бил заменик-началник на специјалната полициска единица Алфи. Од МВР ги демантираат ваквите тврдења. Од ИВЗ, пак, оценуваат дека ова се очајнички и смешни обвинувања, зашто на седницата воопшто немало Алфи. - Точно е дека синот на Реџепи дента беше во ИВЗ, но нормално е синот да дојде да го види својот татко - велат од ИВЗ. Од таму објаснуваат дека Беслими не бил повикан на седницата на Ријасетот, зашто уште претходно бил разрешен од Реџепи. Приврзаниците на Беслими бараат во ИВЗ да функционира уставот, а не самоволието на поглаварот. - ИВЗ не е приватна фирма и најважно е за промените во Уставот да расправа Собранието. Дали потоа Собранието ќе одлучи да го разреши Беслими е најмал проблем - оценуваат извори блиски до Беслими, кои побараа да останат анонимни. Овие извори не исклучуваат нетрпението во ИВЗ да ескалира и во вооружени пресметки. - Реџепи дојде со калашникови и само така ќе може и да си оди - велат тие. Беслими и неговите приврзаници тврдат дека тој бил суспендиран оти се спротивставил на промените во Уставот на ИВЗ кои му овозможувале неконтролирана власт на поглаварот. -------------------- Припреми се за денот, кога ке застанеш пред твојот Господар.
|
| mudzahid |
постирано на August 20, 2008 12:47 pm
|
![]() VIP ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 248 Member No.: 75 Joined: December 01, 2007 |
Аврил е премногу секси за Малезија
Покрај Лавињ, и Агилера и Бојонсе имаа проблеми во Малезија Исламистите во Малезија бараат од владата на земјата да ги забрани концертите на пејачката Аврил Лавињ, оценувајќи дека нејзините настапи се премногу секси. Лавињ, која се прослави во 2002 година со албумот Let’s Go, планира својата едномесечна турнеја низ Азија да ја почне на 29 август со концерт во Куала Лумпур. Подмладокот на исламската партија ПАС соопшти дека настапот на канадската музичарка промовира лоши вредности на Денот на независноста на Малезија, кој се одбележува на 31 август. - Тоа за нас е премногу секси. Не е добро за луѓето во Малезија. Не сакаме тој концерт да влијае на нашиот народ, на нашите тинејџери. Сакаме „чисти“ уметници, тие што се добар пример - изјави Камарулзман Мохамед, претседател на ПАС.Тој посочи дека во минатата недела упатил протестно писмо до Министерството за култура и уметност, како и до градоначалникот на Куала Лумпур. Претставник од Министерството за култура рече дека владата се' уште не издала дозвола Лавињ да настапи во Малезија. Организаторот на концертот, „Галакси груп“, ги отфрли тврдењата дека шоуто содржи какви било „негативни елементи“.Малезија од сите изведувачи бара да бидат покриени од гради до колена и нивната облека да не содржи „лоши илустрации или тие да се поврзани со дрога“. Пејачите мора да се воздржат од скокање, викање, прегратки и бакнување на бина. Гвен Стефани лани настапи во долг фустан, а Кристина Агилера и Биојнсе ја прескокнаа земјата во текот на турнејата. -------------------- Припреми се за денот, кога ке застанеш пред твојот Господар.
|
| mudzahid |
постирано на August 25, 2008 05:07 pm
|
![]() VIP ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 248 Member No.: 75 Joined: December 01, 2007 |
Израел ослободи 199 палестински затвореници
25.08.2008 14:06 Израел денеска започна со ослободување на 199 палестински затвореници, како гест на добра волја со цел да се зајакне позицијата на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ослободувањето на затворениците се случува на денот, токму кога во Израел и на палестинската територија треба да пристигне американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Израел по обновувањето на преговорите со палестинците досега ослободи 429 палестински затвореници. Во израелските затвори, според тврдењата на палестински официјални претставници, се наоѓаат повеќе од 10 илјади затвореници и тие постојано бараат нивно ослободување. -------------------- Припреми се за денот, кога ке застанеш пред твојот Господар.
|
| mudzahid |
постирано на August 25, 2008 05:10 pm
|
![]() VIP ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 248 Member No.: 75 Joined: December 01, 2007 |
68 загинати во авионска несреќа во Киргистан
МИА 25.08.2008 10:18 Според последните податоци од Министерството за здравство во авионската несреќа во Киргистан загинаа 68 лица, а 22 преживеаја. Несреќата се случи вчера на меѓународниот аеродром „Манас“ во главниот град на Киргистан, Бишкек. Во авионот „Боинг-737“ на компанијата „Итек ер“, кој сообраќал на линијата Бишкек - Техеран, се наоѓале 83 патници и седум членови на екипажот, објавија руските медиуми. Патниците главно биле државјани на Киргистан, Иран, Канада и Турција. Според киргистанската Влада, причина за несреќата била дехерметизација на кабината, а веднаш по полетувањето пилотите соопштиле за дефектот и донеле одлука да извршат принудно слетување. Како можни причини за уривање на авионот се наведуваат и откажувањето на моторот или командите за управување, наведуваат медиумите. Властите во Бишкек ја исклучуваат можноста за терористички напад. Претставник на киргистанското Министерство за вонредни ситуации истакна дека меѓу патниците биле и членови на јуниорски кошаркарски клуб. Руските електронски медиуми, повикувајќи се на податоците на Кошаркарската федерација на Киргистан, соопштија дека во авионот би можеле да се наоѓаат и двете познати кошаркарски ѕвезди, Семјуел Перкинс и Ребека Бонер. Тие во Бишкек одржувале мастер-клас во рамките на американската програма „Меѓународна спортска иницијатива“ и требало вчера да заминат на натпреварување во Иран. -------------------- Припреми се за денот, кога ке застанеш пред твојот Господар.
|
| mudzahid |
постирано на August 25, 2008 05:15 pm
|
![]() VIP ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 248 Member No.: 75 Joined: December 01, 2007 |
Во Индија почина еден од најстарите луѓе во светот
Индиецот Хабиб Мисан, еден од најстарите луѓе во светот кој тврдеше дека има 139 години вчера почина од висока температура и болки во стомакот. Според документите, Мисан има 130 години, а не 139 како што тој велел. Хабиб не бил запишан во Гинисовата книга на рекорди затоа што уредништвото тврдело оти нема докази за неговата старост. Во податоците кои Хабиб ги оставил во 1938 кога одел во војска стои дека е роден во 1878 година. Тој почина во градот Јаипуру, во западна Индија. Зад себе остави 140 внуци и правнуци. Најстарата личност забележана во Гинисовата книга на рекорди е Французинката Џин Калмет која почина на 122 години. Најстарата регистрирана жена е Американката Една Паркер (115), додека најстар регистриран маж во светот е Томои Танабе (112) од Јапонија. -------------------- Припреми се за денот, кога ке застанеш пред твојот Господар.
|
| mudzahid |
постирано на August 28, 2008 04:18 pm
|
![]() VIP ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 248 Member No.: 75 Joined: December 01, 2007 |
Почнува борбата за власт во Пакистан
Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф соопшти дека неговата партија ја напушта владејачката коалиција и предлага свој кандидат за претседател на државата. Шариф истакна дека партијата се повлекува бидејќи за време на петмесечната коалиција не успеале да се вратат на функциите судиите што минатата година беа разрешени од поранешниот претседател Первез Мушараф. Пакистанската муслиманска лига на Шариф за свој кандидат за шеф на државата го назначи Саид Заман Сидики, кој е поранешен претседател на Врховниот суд. Во битката за претседателската функција тој за противкандидат ќе го има потпретседателот на Пакистанската народна партија (ПНП), Асиф Али Зардари, сопругот на убиената поранешна премиерка Беназир Буто. Шефот на пакистанската држава се избира од парламентот, во кој ПНП има кревко мнозинство со поддршка од помалите партии. -------------------- Припреми се за денот, кога ке застанеш пред твојот Господар.
|
Pages: (6) « First ... 4 5 [6] |
![]() ![]() ![]() |