| ДОМА |
Помош
Барај
Членови
Календар
|
| Welcome Guest ( логирај_се | регистрирај_се ) | Resend Validation Email |
|
|
![]() ![]() ![]() |
| gazali |
постирано на June 18, 2008 05:53 pm
|
![]() Super clen ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 117 Member No.: 129 Joined: June 03, 2008 |
БИСЕРИ НА МУДРОСТА НА
ПЕЈГАМБЕРОТ С.А.В.С (Втор дел) 1. Аиша, радиаллаху анха, пренесува дека кај неа била една жена, кога влегол Аллаховиот Пејгамбер, саллаллаху алејхи ве селлеме ја прашал: - Која е ова жена? - Оваа е таа и таа – рекла Аиша – ми кажува како клања многу (нафиле) намаз. Тогаш, тој рече:- "Секој од вас нека извршува нафиле онолку колку што може (да истрае при тоа). Се колнам во Аллах, на Аллах нема да Му досади да ве наградува сe додека вам не ви досади да правите добри дела. Нему Му е најдраго она дело во чие извршување човекот е истраен. (Бухари и Муслим) 2. Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: - Покорноста на Аллах, навистина, е едноставна, но нема никој да успее во претерувањето при тоа, а таа да не го совлада. Затоа, бидете умерени, правични и во ништо не претерувајте! Израдавајте со радосни вести и барајте помош во покорноста на Аллах молејќи Го и наутро, и навечер и пред крајот на ноќта. (Бухари, Несаи) 3. Ну’ман б. Бешир вели дека го слушнал на Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с, кога рекол: - Халалот, навистина, е јасно објаснет, а и харамот, навистина, е јасно објаснет. Меѓутоа, меѓу халалот и харамот има нејасни, сомнителни работи, кои многумина не ги познаваат. Затоа, кој се чува од сомнителните работи, ќе ја сочува својата вера и чест, а кој ќе се впушти во тие работи, сличен е на овчар кој го пасе своето стадо околу забрането пасиште, во кое многу лесно може стадото да влезе. Знајте, секој владар има забрането подрачје кадешто е забранет пристап на другите. Знајте дека Аллаховото забрането подрачје на Земјата се Неговите забрани (харами). Знајте дека во човечкиот организам има еден орган кој, кога е тој здрав, здраво е и целото тело, а кога тој ќе се разболи, болно е и целото тело: тој орган е срцето! (Бухари и Ибн Маџџе) 4. Абдуллах б. Мес’уд пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с, рекол: - Секој од пејгамберите кои, Аллах џ.ш. ги испрати пред мене имал свои верни и оддадени помагачи и другари кои го следеле неговиот правец и во сe им биле послушни. После нив доаѓале лоши потомци кои го зборувале она што не го работеле, а го работеле она што не им било наредено. Кој ќе им се спротивстави во тоа со својата сила, тој е верник. А кој не може со тоа, па им се спротивстави со својот јазик (со зборови), и тој е верник, А кој не може да им се спротивстави и со тоа, па ја осудува нивната постапка во своето срце, и тој е верник. Кој не ќе го направи ни ова, неговиот иман е помал од едно зрно синап. (Муслим и Тирмизи) 5. Ебу Сеид ги пренесува зборовите на Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с., - Кога ќе видете некого како редовно оди во џамија грижејќи се за неа, знајте дека е верник, зашто Аллах, џ.ш. вели: “Аллаховите џамии ги одржуваат оние кои веруваат во Аллах, во Судниот ден, намаз извршуваат и зекат даваат и кои не се плашат од никого освен од Аллах; тие се, можеби, на правиот пат. (Ет-Тевбе,18) (Тирмизи) 6. Ебу Умаме пренесува од Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с,: - Кој сака (љуби) во името на Аллах, кој мрзи во името на Аллах, и дава во името на Аллах, и ускратува во името на Аллах – тој го употполнил своето верување. (Ебу Давуд) 7. Ну’ман б. Бешир пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с, рекол : - Верниците во своите меѓусебни односи: во љубовта, сомилоста и пријателството се како едно тело во кое, ако се разболи еден орган, и останатите делови на телото трпат од несоница и грозница. (Бухари и Муслим) 8. Ебу Хурејре, р.а, пренесува од Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с.: - Верникот е огледало на верникот и верникот е брат на верникот: му го чува неговиот имот и го штити во негово отсуство. (Ебу Давуд) 9. Ебу Хурејре р.а. ги пренесува звборовите од Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с : - Оној кој прави блуд, во времето на тој чин престанува да биде верник ; оној кој краде, во времето додека краде престанува да биде верник ; оној кој пие алкохол, во времето додека пие престанува да биде верник." (Муслим) * * * -------------------- АЛЛАХ Е НАША ЦЕЛ, МУХАММЕД А.С. Е НАШ ПРЕДВОДНИК, КУР’АН Е НАШ УСТАВ, ЏИХАД Е НАШ ПАТ И СМРТТА НА АЛЛАХОВИОТ ПАТ Е НАША НАЈСИЛНА ЖЕЛБА
|
| gazali |
постирано на June 18, 2008 05:54 pm
|
![]() Super clen ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 117 Member No.: 129 Joined: June 03, 2008 |
Трет дел
БИСЕРИ НА МУДРОСТА ОД МУХАММЕД А.С. 10. Ебу Хурејре, р.а. вели дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с, рекол : - "Силен и храбар верник е подобар и подраг на Аллах од верникот кој е слаб, но двајцата се добри. Стреми за она од што ќе ти користи, моли го Аллах за помош и немој да се откажуваш од тоа. Ако нешто те снајде (некаква несреќа), немој да кажеш: "Да беше, тоа така и така, туку кажи : Така Аллах одредил, Тој прави што сака, зашто зборовите : Да беше... му ја отвараат вратата на шејтанот да делува." (Муслим) 11. Ибн Омер р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с, рекол: - "Исламот се темели на овие пет работи: сведочење дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, клањање на намаз, давање на зекат, пост во месецот рамазан и извршување на хаџџ." (Бухари, Муслим) 12. Муаз б. Џебел раскажува: Бев со Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с, на едно патување. Еден ден патував во негова непосредна близина, па го прашав: - Аллахов Пејгамбере, кажи ми едно дело кое, ако го правам, ќе ме воведе во Џеннет, а ќе ме оддалечи од Џеххенем.? - "Ме праша за голема работа, но тоа лесно ќе го постигне оној кого Аллах ќе го помогне во тоа: вистински чини ибадет само на Аллах и немој во ништо да Му чиниш ширк, редовно клањај намаз, дели зекат, пости го месецот рамазан и изврши хаџџ" – му рече Пејгамберот. - Сакаш ли да те упатам на она што ќе ти ја отвори вратата на доброто – прашал Пејгамберот и продолжил: - Постот е штит од џехеннемскиот оган, садаката ги поништува гревовите како што водата го гасни огнот, и намазот кој човекот го извршува во глува доба од ноќта. Тогаш Пејгамберот ги проучил Аллаховите зборови: ”Страните нивни од постела се накривуваат, повикувајќи го Господарорт свој, и од страв и од желба, и кои делат од рискот Наш што им го дадовме. Па, ниедна душа не знае какви радости им се кријат…награда за она што го работеа.” (Ес-Сеџде,16-17). Потоа продолжил: - Сакаш ли да ти ја кажам главата на сето тоа, неговиот столб и неговиот врв ? - Да, о Аллахов Пејгамбере ! – одговорив. - Главата на сето тоа е исламот, негов столб е намазот, а џихадот е негов врв – рече тој. - А сакаш ли сега да ти кажам со што ќе го постигне човекот сето тоа? – праша тој. - Секако, Аллахов Пејгамбере – реков јас. - Тој го фати својот јазик и рече: - Чувај го својот јазик! - Аллахов Пејгамбере – реков јас – зар ќе бидеме одговорни за јазикот со кој зборуваме!? - Жална ти била мајка ти, Муазе! Зар не си знаел дека луѓето токму нивните јазици ќе ги фрлат главечки во џехеннемскиот оган! (Тирмизи, Маџџе) 13. Ебу Хурејре р.а. вели дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с, рекол: - Има шест должности кои муслиманот е должен спрема друг муслиман. (На прашањето кои се тие должности, тој одговорил: - кога ќе го сретнеш, дај му селам, - кога ќе те повика, одговори му , - кога бара од тебе совет, посоветувај го, - кога ќе кивне па се забалагодари на Аллах (со зборовите “Елхамду лиллахи”), наздрави му (со зборовите:”Јерхамукеллах”), - кога ќе се разболи, посети го, и - и кога ќе умре, клањај му џеназе и испрати го до мезарот. (Муслим) 14. Енес ел-Џухејни пренесува од Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с.: - Кој ќе го земе во заштита верникот од мунафикот Аллах на Судниот ден ќе му испрати мелек кој ќе го штити неговото тело од џехеннемскиот оган. Меѓутоа, кој ќе го нападне муслиминот сакајќи на тој начин да го засрамоти, Аллах ќе го задржи на џехеннемскиот мост сe додека не ја искуси заслужената казна за она што го клеветел. (Ебу Давуд и Ахмед) 15. Ебу Хурејре, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: “Дали знаете кој е банкрот”? Рекоа: “Банкрот кај нас е оној кон нема ни дирхеми ни имот!” Пејгамберот а.с., рече: ”Вистински банкрот од мојот уммет е оној кој ќе дојде на Судниот ден со намаз, пост и зекат, но, на овој го пцуел, на оној го клеветел, на овој бесправно му зел имот, на оној му пролеал крв, на овој го удрил..., па на сите нив ќе им се даде од неговите добри дела. И кога ќе завршат неговите добри дела, пред него што му се пресуди нему ќе се земе од нивните лоши дела и ќе му се дадат нему, а потоа ќе биде фрлен во оган.“ (Муслим) 16. Севбан пренесува од Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с: - Навистина кога муслиманот ќе дојде во посета кај својот брат муслиман тој сe додека трае посетата е во џеннетска бавча." (Муслим) 17. Ебу Ејун ел-енсари пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер,с.а.в.с, рекол: - Не е дозволено муслиманот да не зборува со својот брат муслиман повеќе од три дена, при средба да ја свртува главата еден од друг. Од нив двајца подобар е оној кој прв ќе даде селам. (Ебу Давуд) 18. Ебу Хурејре р.а., вели дека Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с, рекол: - Кога човекот умира, престанува да му доаѓа награда за делата, освен за три работи: за трајната садака (вакуфи), за науката со која се користат луѓето и за добро васпитаното дете кое прави дова за него. (Бухари, Муслим) 19. Ебу Ејјуб ел-Енсари, р.а., раскажува дека некој човек рекол: - О Аллахов Пејгамбере! Извести ме за работата која ќе ме воведе во Џеннет а ќе ме оддалечи од Џехеннем. Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с, на тоа му рекол : -Прави ибадет исклучиво на Аллах, џ.ш., и не припишувај Му другар, намаз редовно извршувај, давај зекат, и внимавај и посетувај ја својата роднина. (Бухари и Муслим) 20. Од Муаз ибн Џебел, р.а., се пренесува дека рекол: - Јавав зад Пејгамберот с.а.в.с, и рече:- Муазе, знаеш ли кое е Аллаховото право (хакк) спрема Неговите робови, а кое е правото на робовите спрема Аллах? Јас реков:- Аллах и Неговиот Пејгамбер најдобро знаат! Тој рече:- Навистина Аллахово право спрема робовите е да Го обожаваат и ништо да не Му придружуваат (да не прават ширк), а правото на робовите спрема Аллах е Тој да не го казнува на оној кој не правел ширк. Јас реков:- О Аллахов Пејгамбере, дали да ги известам луѓето за ова? Тој рече:-Немој да ги известуваш, зашто тие ќе се потпрат на тоа ( и ќе ја занемарат работата). (Бухари и Муслим) * * * -------------------- АЛЛАХ Е НАША ЦЕЛ, МУХАММЕД А.С. Е НАШ ПРЕДВОДНИК, КУР’АН Е НАШ УСТАВ, ЏИХАД Е НАШ ПАТ И СМРТТА НА АЛЛАХОВИОТ ПАТ Е НАША НАЈСИЛНА ЖЕЛБА
|
| titik |
постирано на May 29, 2009 10:25 am
|
|
Nov clen ![]() Group: Members Posts: 1 Member No.: 273 Joined: May 29, 2009 |
|
| mudzahid |
постирано на May 30, 2009 01:00 pm
|
![]() VIP ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Group: Members Posts: 248 Member No.: 75 Joined: December 01, 2007 |
Allah da ve nagradi za informacijata.
-------------------- Припреми се за денот, кога ке застанеш пред твојот Господар.
|
| elibesi |
постирано на June 02, 2009 01:34 pm
|
|
Nov clen ![]() Group: Members Posts: 7 Member No.: 270 Joined: April 19, 2009 |
Allah da ve nagradi,gazali,za prekrasnite biseri na mudrosta.
|
|
![]() ![]() ![]() |