ЕССЕЛАМУН АЛЕЈКУМ, добредојдовте на исламски форум “ИХСАН„


  Reply to this topicStart new topicStart Poll

> Расцеп меѓу нас и напредниот свет
ebuahmet
постирано на February 13, 2009 09:24 am
Quote Post


SUPER MODERATOR
***************

Group: Admin
Posts: 276
Member No.: 2
Joined: March 14, 2006



Расцеп помеѓу нас и напредниот свет

Кој е најголемиот денешен проблем на исламскиот уммет? Одговорот не мора да го бараме долго. Тоа е науката. Со помош на науката се воздигнува вредноста на дражавата и народот. Ние сме уммет кој, за жал, не е доволно образован. Не водиме сметка за научното истражување ниту на напредување на полето на науката во онаа мера во која се грижиме за храната и јадењето и други помалку вредни работи ... Основите на напредокот наведени се во ајетот: “Подгответе против нив моќ која можете да ја смогнете...„ (Ел-Енфал, 60) Да погледнеме некои факти кои сме ги изгубиле од вид:Процентот на неписменост во арапскиот свет изнесува повеќе од пола - околу 60%. Од 300 милиони Арапи 180 милиони не умеат да читаат и пишуваат. Тоа е катастрофа за уммет на кој првите зборови на Објава биле: “Читај!„ (Ел-Алек,1)Да ги анализираме заедно овие проценти. Аллах во Куран објавува: “Речи: Еднакви ли се оние кои знаат и оние кои не знаат? Само оние кои памет имаат поука примаат„ (Ез-Зумер,9) Канада неодамна објави дека неписменоста во целост ја искоренила. И секако дека не само познавањето на читање и пишување туку и работата на компјутер!Гледате ли колкава е разликата помеѓу нас и развиениот свет? Кога ќе ја погледнеме нобеловата награда, која се доделува од 1901 година за најдобри достигнувања во одредени дисциплини, гледаме дека наши млади тука нема.Да одбереме три научни полиња, на пример: медицина, хемија и физика. Тука можеме да ја видиме разликата помеѓу нас и останатите народи. Во изминатите стотина години само двајца муслимани ја освоија оваа награда: еден Пакистанец и Ахмед Зувил. Од друга страна пак, 81 американец ја освоија оваа награда за медицина и 45 пати по хемија.Од Британија 26 луѓе ја освоија оваа награда во медицината, а 25 по физика.Замислиете кога сите тие би биле муслимани, дали би ни била ваква состојбата?Се сеќавате ли на нашата гордост и радост со доктор Ахмед Зувил?Ние сме потполно одсутни од полето на научно истражување. Сите изуми од минатиот век ги увезовме - од стрија до авион, преку сувото пенкало, мобилниот телефон и компјутерот. А нам ни е објавено: “Читај, зашто Господарот твој, навистина е Најблагороден, кој поучува со перо, го поучува човекот со она што не го знае.„ (Ел-Алек,3-5) Нас всушност, никаде не нема на картата на научното истражување и производство. Дури и сеџадето за намаз и теспиите ги увезуваме од надвор.Да ги оставиме настрана државите како Америка и Англија. Да ја земеме во предвид Индија, земја од третиот свет. Индија е земја која е најголем извозник на комјутерски програми во светот. Нејзиниот прогрес на тоа поле е евидентен. Како за пример извозот во 2000-та година се проценуваше на 6 милиони долари, а во 2002-та 8 милиони долари.За компјутерски програми не се потребни центри ниту лаборатории. Потребен е само компјутер. А тоа барем го има доста кај нашата младина! Нам ни треба активен мозок. Германскиот канцелар на еден саем за информатичка технологија лично призна дека е принуден да даде 30 работни визи на Индијците затоа што потребите на Германија за програмери се поголеми од можностите.Навистина е жалосно што, после 14 векови повикување кон Аллах, се наоѓаме на почетокот на научниот и технолошки напредог. Научниците и науката се нужност.
Зошто дозволивме да доспееме до овде?


--------------------
"ISLAMSKA MLADINA" - "IHSAN"

PMEmail Poster
Top
1 User(s) are reading this topic (1 Guests and 0 Anonymous Users)
активни членови

Topic Options Reply to this topicStart new topicStart Poll